Денес на собраниската седница се обрати и Александар Велјаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“.
Тој посочи дека денес на дневен ред на оваа седница е поставен предлог на закон за решавање на спорот помеѓу Владата и Макпетрол по пат на спогодба.
– Законот е составен од 5 члена кој што е однесен до Собранието и до нас пратениците и со кој се бара ние како Собрание да дадеме зелено светло за да може Владата да донесе одлука односно да склучи спогодба по спор кој што е стар 15 години. Сметам дека со поднесувањето на ваков закон за решавање на спорот со Макпетрол по скратена постапка Владата има намера да му исплати на Макпетрол 33 милиони евра, со што уште еднаш се докажува дека Владата воопшто не се грижи за граѓаните на Република Македонија, нагласи Велјаноски.
Велјаноски додаде дека премиерот Зоран Заев со овој предлог на Закон докажува дека единствен негов интерес се неговите бизниси, провизии и интереси.
– Се поставува прашањето зошто упорно се турка овој закон, зошто Зоран Заев сака сега и веднаш да изврши исплата од буџетот на Република Македонија за гасовод стар 22 години во време на најголема економска и здравствена криза, запраша Велјаноски.
Велјаноски посочи дека дека во услови во кои само годинава имаме повеќе од 50.000 невработени поради пандемијата КОВИД, во услови кога повеќе од 30.000 деца немаат услови да следат онлајн настава, во услови кога Македонија буквално питачи по белиот свет за донации за вакцини, наместо владата одговорно да ги насочи парите кон суштествените работи таа ги насочува парите за исплата на спогодба на која што не и местово Собранието.
– Со овој предлог закон Владата врши директен упад во работата на Собранието, рече Велјаноски.