„Како пратеничка група ние секогаш во минатото па и сега се залагаме за сетот на закони кои што треба да се донесат, во наредните денови. Тие сет на закони ние ќе ги поддржиме и ќе учествуваме активно во нивното донесување за тоа што сметаме дека финансиските проблеми кои што ги имаат граѓаните треба да бидат надминати, а обврска на државата е да помогне“, рече Александар Велјаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во „Утрински Брифинг“.
Велјаноски истакна дека утре два закони ќе се на дневен ред на седницата во Собранието од законите кои што треба да бидат донесени.
Истакна дека и утре ќе се гласа за тие два закони и за нивната потреба, и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа ЗА потребата за донесување на овие закони.
„Но, нашата забелешка е зошто се доцни со поднесување на овие закони, ако се има во предвид дека уште на трети март Зоран Заев можеше да бидат овие закони ставени и изгласани на седницата во Собранието бидејќи тогаш имаа 62 пратеник од владејачкото мнозинство. Тогаш се работеше на промашени приоритети и Зоран Заев докажа дека приоритет му се политиките на неговата коалиција, а не здравјето и справување со сиромаштијата во Република Македонија“, истакна Велјаноски.