Живееме во време во кое моралот, правичноста и професионалноста на судиите и јавните обвинители е доведена до знак прашалник. Време во кое луѓето се помалку веруваат во судскиот систем. Живееме во корумпирано општество во кое царува политичката мафија, време на нарачани обвиненија, нарачани пресуди, време на линч на политички неистомисленици, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Александар Велјановски на денешната собраниска говорница.
Велјановски ги прашања пратениците од СДСМ дали се сеќаваат на забелешките од Прибе, како и на планот 3-6-9, посочувајќи дека многу брзо ја заборавила правдата и правичното судење.
– Дали некој се сеќава на забелешките од Прибе, ја заборавивте и правдата и правичното судење. Дали некој од вас се сеќава на плановите 3-6-9 и слични на нив, во кои гордо се најавуваа реформи во судството и дека ќе важи правото за сите. Да ве потсетам дека три пати аболицираниот криминалец беше на чело за судски реформи во правосудството, каква небулоза, криминалец на чело на правдата, истакна тој.
Според Велјановски, Добрила Кацарска не заслужува да биде избрана за судија на Уставниот суд бидејќи како што вели тој на факултетот во Колумбија, Кацарска се изучува за судија како не треба да се води една постапка.
Дали денешниот предлог за судија на Уставен суд ги исполнува морланите и етички услови за да биде член на овој суд. Дали судија кој што е џелат на македонската правда, која незаконски пресуди 211 години на уставобранителите, судија кој е инволвиран во притисоци врз обвинителите и повреда на човековите права и дискриминација треба да биде уставен судија. Жената која расплака многу мајки, деца, која зацрни многу македонски куќи не заслужува да биде на браникот на Уставот и на уставниот поредок, рече тој и додаде
Исто така на факултетот во Колумбија ќе се изучува дека Добрила Кацарска е пример како не треба да се води една постапка. Еден од најпрестижните универзитети во светот на својот официјален сајт го објави случајот во кои судијката Добрила Кацарска против уставно ги казни адвокатите за слуачајот за 27-ми април во вредност од илјадници евра и ги отстрани од судењето, со што обвинетите ги остави без бранители, посочи тој.
Велјановски смета дека додека премиер е Зоран Заев, Македонија не може да има независно судство.
Едно е јасно а тоа е дека нема независно судство се додека премиер е Зоран Заев, човек кој ја киднапира независната законодавна власт преку уценување и купување на пратеници, истакна тој.
Велјановски рече дека Кацарска е омилена судијка на СДСМ која наместо да биде разрешена од функцијата судија, таа е наградена со предлог за уставен судија.
Кацарска која е рекорден по изчеречни мерки на притвор, барала да не се изречи мерката притвор за семеен пријател. Кацарска треба да биде разрешена од судската позиција, но кај нас омилената судијка на СДСМ денеска е предлог за уставен судија, изјави пратеникот Велјановски.