Обвинетитот Трајко Велјановски, не комуницирал со ниту еден од другите обвинети во случајот „Организатори на 27 април”, во наводно планирање на упадот во Собранието, истакна неговата одбрана во завршните зборови за овој случај.
Адвокатот Еленко Миланов истакна дека од 30.000 пораки од Велјановски, воопшто нема комуникација меѓу него и Атанасовски, Бошковски и Јанакиевски.
-Од ниту еден сведок од обвинителството не слушнавме дека Трајко Велјановски имал комуникација со Владимир Атанасовски и Никола Бошковски. Во овој период Велјановски нема апсолутно никаква комуникација со Миле Јанакиевски. Додека, има шест пораки меѓу него и обвинетиот Спиро Ристоски, кој во тоа време бил министер за образование, рече Миланов.
Од сите изнесени докази, и вербални и материјални, нагласи Миланов, само се потврди дека Трајко Вељановски конститутивната седница во Собранието ја водел строго според Деловникот.
-Не може за ова да го прогласите Трајко Вељановски за виновен, рече Миланов.