СДСМ продолжува со системско уништување на културата во Република Македонија. Ако мината година Годишната програма на Министерството за култура беше скандалозна, тогаш овогодинашната програма е трагична. Станува збор за општ грабеж на народните пари. Криминалната и одродена власт, предводена од аболицираниот Заев, уште еднаш покажа дека не бира ниту метод, ниту начин како да стигне до буџетските средства, до парите на македонските граѓани, порачува Роберт Вељановски.
-СДСМ континуирано, две и пол години уништува реномирани установи, институции и уметници во културата, а притоа финансира анинимуси на културната сцена. Оваа година средства во програмата за култура нема за „Скопскиот џез фестивал“, и за „Оффест“, а значително помали суми од оние кои ги побараа и се потребни за реализирање на програмата добија „Фолк фест Валандово“ и фестивалот „Таксират“. Кратењето на средствата за голем дел од реномираните музички фестивали може да значи и нивно замирање на македонската културна сцена. Забележлив е и фактот дека средства се доделуваат исклучиво по етничка линија, со што дополнително се зголемува поделбата во македонското општество кое заради Заев и неговите политики е поподелено од кога и да е. Па така Националниот ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“ доби поразителни 150 илјади денари, додека новоформираниот ансамбл за албански ора и песни од Министерството за култура доби 800 илјади денари. Само за пример, за пример фестивалот „Таксират“ аплицирал за помош од 6 милиони денари, а добил 500 илјади денари што е за 12 пати помалку од побараната сума, додека за фестивал во Тетово и за концерт, здружението „Артал“ од Тетово добило неверојатни 3,6 милиони денари. Почитуван г-дине Адеми, тоа што министерската функција не Ви е света е Ваш избор, проблемот го лоцираме во фактот што Вам не Ви е света македонската култура, истакна тој.
Вељановски порачува дека веќе две и пол години македонската култура е во владение на дилетанти.
-Време е за оставки, ВМРО-ДПМНЕ го повикува министерот за култура, во Владата на Зоран Заев, г-динот Асаф Адеми да понесе неотповиклива оставка. Крајно време е и некадарните кадри на СДСМ, националниот координатор за култура Робер Алаѓозовски и советничката за култура на Заев, Цветанка Ласкова да поднесат оставки и да ја ослободат македонската култура од нивните антимакедонски политики. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува и сите Претседатели и членови на комисиите по дејности во културата, да понесат одговорност за системското уништување и деградирање на културата во изминативе две и пол години. ВМРО-ДПМНЕ бара и итно и неодложно повлекување на целата Годишна програма за работа во културата за 2019 година, а не само за делови од неа како што најави експертот за сите области Зоран Заев. Во спротивно ВМРО-ДПМНЕ го повикува Социјалдемократскиот сојуз да се охрабри и да излезе на избори, за да утврди дали граѓаните се согласуваат со нивните политики, вклучително и со политиката во културата која, за жал, ја потоморува македонската култура, порача тој.