четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Велјановски: Скандалите се секојдневие, по изборите ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе итни реформи во секоја област од општеството

Велјановски: Скандалите се секојдневие, по изборите ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе итни реформи во секоја област од општеството

Во денешната емисија „За или Против“ на Алфа ТВ гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски кој што истакна дека уставните измени нема да поминат, а по изборите ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе итни реформи во секоја област од општеството.

„Доколку не поминат уставните измени ќе влеземе во еден процес на подготовка за избори, кои што би требало да се случат, а тоа го бараме ние цело време и не е тајна, апсолутно јасно им е на сите дека нема да поминат овие уставни измени и дека се работи само за купување на време. Она што ние треба да го правиме како држава како пратеници, и власта, и опозицијата е да работиме на суштествените реформи кои што се неопходни за Македонија да пристапи кон ЕУ“ нагласи Велјановски.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека неопходни се избори и веднаш потоа итни реформи во судството, администрацијата образованието и секоја област од општеството.

„Вие гледате дека секојдневно се соочуваме со огромни скандали кои што ја тресат македонската јавност, секојдневно имаме критики од страна на меѓународната заедница во однос на владеењето на правото, работата на судовите и обвинителствата. Холандија ги прекина средствата кои што требаше да бидат насочени кон подобрување на работата на судскиот совет токму заради тоа што судскиот совет прерасна во еден циркус. Едноставно недовербата која што ја имаат граѓаните во правосудството која што е во ранг на статистичка грешка, едноставно не ни дава за право на нас да веруваме дека нашиот напредок кон ЕУ ќе биде со една одредена динамика која што би била задоволителна. Затоа сметам дека важно е да се вратиме на реформите да започнеме со крупни реформи во правосудниот систем, владеењето на правото, реформи во администрацијата да обезбедиме подобри услови за земјоделците, работниците а најважно од се за младите да останат овде. Ова се тие чекори кои планираме и како партија и како власт да ги превземеме итно после изборите. Овие уставни измени оваа лоша епизода мора да заврши тука и мора да заврши што е можно побргу“ нагласи Велјановски.

Најнови вести