понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Вербално нападната екипата на Телма во Судскиот совет (ВИДЕО)

Вербално нападната екипата на Телма во Судскиот совет (ВИДЕО)

Новинарот на Телевизија Телма, Павле Беловски, кој денеска известуваше од седницата на Судски совет, во линковско вклучување во централното информативно издание беше спречен во извршувањето на својата работа, односно известување на јавноста.

На катот каде што се просториите на Судски совет, оддалачен од салата на Судски совет, и пред затворената врата, каде што беше поставен линкот, лица од обезбедувањето се обидоа да го прекинат линковското вклучување и да го спречат јавувањето во живо со порака дека тука не смее да се снима.

Откако линкот беше прекинат од вработените на Телма, новинар и снимател, кои ја следеа седницата, било побарано да се легитимираат, иако пред да се влезе во објектот уредно се легитимира секој кој ќе влезе со приложување личен документ.

Новинарските организации со години укажуваат на овој проблем и на неколку средби со надлежното министерство беше соопштено дека службеници на МВР е недозволиво да ја попречуваат работата на новинарите и медиумските работници за што е потпишан и меморандум за соработка.

Дополнително работата на новинарите единствено може да се подигне на повисоко ниво на транспарентност, на седниците на правосудните тела да се овозможи јавно емитување на седниците на советите.

Ова е само уште еден од серијата напади врз новинарите и попречување на вршење на нивната должност, пред неколку дена новинарката на Алфа, Анастасија Илиевска, беше избркана додека правеше интервју со родители на мало девојче кое е дијабетичар.

Најнови вести