четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ветената гасификација за општина Бутел уште една голема лага на Велимир Смилевски

Ветената гасификација за општина Бутел уште една голема лага на Велимир Смилевски

Среќавајки се со своите пријатели, другари, познаници во Општина Бутел неможе, а да не проговориме за инфраструктурните проблеми со кои се среќаваме низ животното секојдневие во оваа општина. Ветуваните проекти на градоначалникот Смилевски за планска и темелна изградба на канализациски и одводни мрежи, квалитетни и согласно пропишани стандарди асвалтирани улици, изградба на детски градинки и игралишта, обезбедување на здраствена заштита во современ и технолошки опремен објект ни одалеку не се на повидок.

Веке четврта година ништо од ветувањата, ништо ни од таканаречените приоритетни проекти од посебно значение за граѓаните од оваа општина. Најавуваниот клучен проект во програмата на Смилевски за гасификација со кој гасот ќе биде присутен во секое домакинство, училиште и градинка остана само “клучен проект” на хартија во програмата на градоначалникот Смилевски. Напразно ветувањата дека преку овој проект сметките за електрична енергија на граѓаните ќе се намалат, дека детските градинки и училишта ќе добијат поефтин енергенс за затоплување, напразно дека бутелчани ќе дишат почист воздух.

Бутел има прекрасна местоположба, распространет на сончевата страна на градот Скопје, под пазувите на Скопска Црна Гора има можност да биде една од општините во градот со најубави климатски условии и чист воздух за живеење. Но затоа е повеке од потребно што поитно да се започне со подготовка на проектна документација за реализација на гасификацијата на домакинствата и правните субјекти како единствен начин да се елиминира загадувањето на воздухот преку емисија на штетни гасови предизвикана од затоплување на домовите со дрва и дрвни продукти. Воведувањето на гасификацијата во општина Бутел ќе создаде и многу поприфатливи економски услови за привлекување и отварање на индустриски објекти и можност за нови вработувања, а со тоа и економско зајакнување на општината што секако ќе овозможи понатамошни инфраструктурни инвестиции.

Нема никакво оправдување за инертноста на градоначалникот за незапочнување на никакви активности за овој процес, особено ако се знае дека е воспоставена и главната гасоводна мрежа, а за приклучување на истата и за дистрибуција на гасот потребен е главен проект од страна на општината. Преку оваа проектна документација треба да се предвиди потребната структура која ке овозможи дистрибуција на гасот до домакинствата , градинките, училиштата и останатите општествени и индустриски објекти. Ако се земе во предвид и фактот дека самата реализација на мрежата подразбира и решавање на имотно правни прашања повеке од несериозно и ирационално е однесувањето на градоначалникот Смилевски кон граѓаните на општина Бутел со ветување во својата програма дека проектот Гасификација требало да биде готов до крајот на 2020 годинa, a при тоа не се преземени буквално никакви активности.

За жал ова е само уште една потврда дека граѓаните на општина Бутел ќе останат изманипулирани од ова несериозно и измамничко раководење на општината. Лугето кои го сакаат ова прекрасно населено местои на кои приоритет им е квалитетен, достоинствен и безбеден начин на живеење без етнички и верски предрасуди заслужуваат многу повеке. Заслужуваат пред се одговорни луге со чесен и професионален однос кон работата, луге кои ангажирано и посветено ќе работат на инфраструктурно, економско и безбедносно развивање на општина Бутел.

Јулијана Спировска Претседател на УЖ ВМРО ДПМНЕ ОК Бутел

Најнови вести