Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) организира вежба на терен „Спасување од поплава предизвикана од поројни дождови“ по мерката за заштита и спасување од поплава на граѓани кои се затекнати на кејот на реката Вардар.
– На вежбата ќе учествуваат тимови за брз одговор за спасување од поплави на ДЗС, Секторот за оператива и логистика на Дирекцијата, Општина Карпош, Клиника Аџибадем Систина, Црвен Крст, Територијална противпожарна Бригана на Град Скопје, соопшти ДЗС.
Вежбата ќе се одржи на кејот на реката Вардар, од спротивната страна на Клиника Аџибадем Систина.