недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕА КАКО ОД ПЕКОЛОТ: Малешевијата и Пијанец, белите дробови на истокот во овој момент се во невиден пламен!

ВИДЕА КАКО ОД ПЕКОЛОТ: Малешевијата и Пијанец, белите дробови на истокот во овој момент се во невиден пламен!

Пожарот кој во моментов беснее во делчевско пехчевскиот регион буквално излегува од контрола.

Во овие монети во селото Нов Истевник се случува буквално пекол, а изгорени се и неколку куќи и населението е евакуирано.

Огнот се проширува и кон пехчевските села, а граѓаните преку социјалните мрежи молат за помош.

„АПЕЛ за помош!!!
Малешевијата и Пијанец, белите дробови на истокот се во пламен!! Пожарот се доближува до неколку села и Пехчево. Сите локални ресурси се мобилизирани, но ситуацијата е алармантна заради недостапниот терен и боровата шума.
Итно е потребна итервенција и мобилизација на дополнителна поддршка.“

„ПОЖАР СО НЕВИДЕНИ РАЗМЕРИ И ГОЛЕМА КАТАСТРОФА СЕ СЛУЧУВА МОМЕНТАЛНО ВО БЛИЗИНАТА НА ПЕХЧЕВО….
УЖАС НЕВИДЕН….“

Најнови вести