Еден армиски хеликоптер утринава извршил извидница на теренот во Пехчевско каде ситуацијата со големиот пожар е алармантна.
Додека мештаните од вчера алармираат преку социјалните мрежи и медиумите и очајно бараат помош, денеска директорот на Центарот за управување со кризи преку социјалните мрежи информира дека на местото се упатуваат три српски и уште еден наш хеликоптер.
Ангелов најави дека вкупно 5 хеликоптери ќе дејствуваат врз големиот пожар.
-Се наоѓам во еден од хеликоптерите, за околу половина час, доколку мрежата е добра, ќе се обидам да се вклучам на ФБ во живо за да ви овозможам да погледнете како изгледа местото на пожарот како и процесот на гаснење од воздух, напиша Ангелов на Фејсбук.