Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ уште на почетокот од седницата каде треба да се расправа за францускиот предлог, го искина документот. Според
неа, македонскиот народ не дал и нема да даде легитимитет на овој предлог.
Таа побара пауза за да владејачкото мнозинство има можност да се предомисли и да го врати францускиот предлог кај Владата.
-Ниту еден документ нема да има легитимитет додека не го добие најбитниот потпис и печат, а тоа е потписот и печатот на македонскиот народ. Зборувајте колку сакате дека сте со ЕУ вредности, јас ќе ви кажам дека овој документ не е тој закон ќе расправаме. Ќе ви ги пара овој звук на кинење, ушите кои ги немате. Поради тие причини ќе се повикам на пауза, која можеби ќе ве предомисли, за овој документ да го вратите во Владата, а не Владата да ви го подметнува, а вие да давате изим на вакво предавство“, кажа Стојаноска.
Собранискиот спикер, Талат Џафери посочи дека ова е најдемократски што може да се направи. „Ќе добиете саат време пауза, се надевам не сте се умориле“, додаде Џафери.