среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Досега изгорени над 500 хектари во пожарот кај Богданци, огнот поминал низ дел од ветерниците

ВИДЕО: Досега изгорени над 500 хектари во пожарот кај Богданци, огнот поминал низ дел од ветерниците

Над 500 хектари нискостеблеста шума досега се зафатени од големиот пожар во близина на Богданци.

Според последните информации, пожарот поминал низ четири ветерници од ветерниот парк, но како што се соопштува нема штети на нив.

Во гаснење на големиот пожар вклучени се два авиони Ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување и еден хеликоптер на МВР.

Опожарена е нискостеблеста деградирана шума и сува трева.

Пожарот избувнал околу 11.00 часот во месноста викана Брдаров камен веднаш до препумпната станица на хидросистемот Дојранско езеро.

Најнови вести