петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Истурено грозје пред визбата Тиквеш, лозарите излажани од Заев

ВИДЕО: Истурено грозје пред визбата Тиквеш, лозарите излажани од Заев

Вирално видео се шири низ социјалните мрежи на кое се гледа како лозари го истураат непродаденото грозје очигледно незадоволни од сите лажни ветувања дека родот ќе им биде откупуван по добра цена

Очигледно незадоволни од цената на грозјето, лозарите од Кавадарци и околината, по неуспешнте преговори со компанијата, денеска го истураа родот пред капијата на Тиквеш.

На 19-ти август Здружението „Напредни лозари” соопшти дека ги замрзнува своите активности. Неговата последна препорака, упатена до производителите, е дека годинава, посебно поради сушата, ниту еден грозд смедеревка не смее да биде откупен под 20 денари, вранец под 25 денари, а асталско и високосортно грозје под 30 денари.

Инаку, во текот на претходната година беше извршен откупот на грозје по историски најниски цени со срамни 2 до 3 денари по килограм грозје беа дадени од страна на винариите.

Најнови вести