Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва е во Кочани, меѓу народот кој се бори со пожарите.
Градот е зафатен од голем пожар, а Мицкоски вели дека ќе се бори заедно со народот бидејќи власта не го прави тоа.
Тој им се обрати и на надлежните, кои денес не покажаа грижа за оваа страшна состојба.
-Дојдов да дадам поддршка, да помогнам колку што се може. Да се алармира, да помогнат надлежните, да реагираат, да не остават природата сама да се справува со оваа огнена стихија. Во селото Тркање сум, сега е стабилно, силите на АРМ само што пристигнаа. Да се надеваме дека ветрот нема да го промени правецот и да ги загрози првите куќи во селото. Апелирам до наслежните да престанат да слават и да ги трошат државните пари туку да дојдат овде да помогнат и да ги искористат сите расположливи ресурси, да не го изгориме Кочани поради нивната неспособност, истакна тој.