четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Пожарот кај Чешиново – Облешево се прошири на територија на Пробиштип

ВИДЕО: Пожарот кај Чешиново – Облешево се прошири на територија на Пробиштип

Се прошири пожарот кој вчера започна на територијата на Општина Чешиново – Облешево. Од ЦУК информираат дека и покрај напорите на пожарникарите, огнот продолжи да гори низ висока сува трева, грмушки и деградирана шума, со зголемен интезитет.

-Утрово пожарот се движеше во атарите на селата Врбица, Рајчани, Буниш и Турско Рударе, а пред малку се прошири и на територијата на Општина Пробиштип движејќи се во насока на квалитетна шума, информираат од ЦУК.

За да се спречи влегување на пожарот во шума, но и да се спречи загрозување на околните села, покрај пожарникарите од ТППЕ Кочани и Пробиштип еден Ер трактор на ДЗС полета кон пожарот, а два полициски хеликоптери се подготвуваат за полетување.

Најнови вести