Центарот за управување со кризи денеска соопшти дека се врши потрага низводно по течението на Вардар на лицето кое вчера од мостот Близнак скокна во водите на надојдената река.
-Потрагата се врши ширина на пресекот на струјата на речното корито исклучиво од страна на специјализираните единици на МВР, со чамец, заради тоа што густата крајбрежна вегетација не дозволува и ја отежнува визуелната потрага од двете страни на речното корито и затоа тимовите на Црвениот крст и ДЗС денеска не учествуваат во потрагата, велат од ЦУК.
Додаваат дека ско лицето и денеска не се пронајде, планирано е утре да се вклучи еден тим од ДЗС, специјализиран за вакви потраги и акции на вода, во пребарување на течението на реката Вардар, од с. Таор кон Велес.