петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Прва изјава на човекот кој беше нападнат од мечка – „Ме фати со заби, останав здрвен“

ВИДЕО: Прва изјава на човекот кој беше нападнат од мечка – „Ме фати со заби, останав здрвен“

Жител на село Пласница вчера утрината беше нападнат од мечка меѓу селата Пласница и Ораоец, општина Македонски Брод.

Како што раскажува 76 годишниот жител на Пласница, мечката го нападнала кога утрината околу 8:30 часот заминал да бере дренки.

-Седнав и одеднаш на мене дојде, ме турна. Ме легна на земја и јас се заштитив со раката. Со заби ме фати кај ребрата и јас викнав „помош, помош“. Ме пушти брзо и си отиде. Останав здрвен, исплашев многу, крв ми течеше. Има многу мечки оваа година. Имам 76 години, досега ова се нема случено, толку многу мечки како последниве години. Лошо ми е многу, не можев да спијам. Викам во сонот, раскажува Минче Рамчески.

Ловец кој прв му помогнал на повредениот човек, вели дека мечки има многу оваа година и постојано ги сретнуваат. Ги среќаваат во близина на самите села.

-Бевме на лов и слушнавме како некој бара помош и спомнува мечка. Испукавме неколку пати со пушките, се спуштивме надолу и го сретнавме човекот. Беше пребледен, не знаеше да ни објасни што се случило. Искрварен беше, не можеше ништо да ни каже, само повторуваше „мечката ме изеде“. Го однесовме во болница, раскажува Раим Рамчески, ловец кој му помогнал на нападнатиот човек.

Најнови вести