Пожарот во депонијата кај Аква паркот во Скопје го гаснат 14 пожарникари со седум противпожарни возила.
Командантот на скопската противпожарна бригата Ѕвонко Томевски во изјава за Курир вели дека пожарот е под контрола и нема опасност за останатите објекти во близина.
Екипите остануваат на терен до целосно догаснување на пожарот.