петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Струмичкото кафуле Аватар “грмеше”, ниту дистанца, ниту маски  

ВИДЕО: Струмичкото кафуле Аватар “грмеше”, ниту дистанца, ниту маски  

Журка до рани утрински часови, преполна дискотека, без заштитна маска, без никаква дистанца и српскиот пејач Девито. Ваква е сликата од вчерашната забава во струмичкиот кафе бар Аватар.

Од снимките се гледа дека во кафулето гостите на забавата не ги почитуваат мерките за заштита од пандемијата односно ниту се одржува дистанца, а ниту пак се носат маски.

И додека бројот на заразени и починати од КОВИД 19 секојдневно расте, Аватар организира забави, а централните и локалните власти не преземаат ништо за спречување на ваквата состојба за организираат журки без почитување на препораките.

Струмичкиот Аватар не го спречи да работи ниту кривична пријава и пломба на врата.

Ова место важи и за едно од омиленоте места на семејството Заеви, а е често посетувано и од децата на премиерот Зоран Заев и неговиот брат Вице Заев.

Сличен пример за непочитување на препораките и протоколите за работа имаше вилендов и во скопското кафуле Мош, како и Три кичен, каде што беа објавени фотографии и видео клипови на кои се гледа дека големиот број на посетители на кафулето ги забавуваше српскиот пејач Владо Георгиев. Но, и ова кафуле, по примерот на струмичкиот Аватар, иако доби забрана за работа продолжи и вчера вечер со работа.

Здравствените работници предупредуваат дека можно е повторно да се случи бројот на заболени и починати рапидно да порасне ако не престанат забавите од овој тип, како и дека доколку повторно болниците се преполнат со заразени граѓани нема да може здравствениот систем да го издржи товарот.

Зошто надлежните институции не постапуваат согласно законите и не реагираат на ваквите непочитувања останува се уште неодговорено.

 

Најнови вести