сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Се урна покрив за време на студентска забава, повредени над 30 лица

Се урна покрив за време на студентска забава, повредени над 30 лица

Над 30 луѓе се повредени при уривање на покривот на гледалиштето за време на студентска забава во близина на Државниот универзитет во Охајо, откако луѓето се качиле на покрив кој не бил дизајниран да издржи толкава тежина, соопштија локалните власти.

Од повредените, 14 лица се пренесени во болница, додека на останатите 20 им е помош на лице место, пренесе „Ен-Би-Си Вашингтон“.

Првите екипи нашле 10 лица, а потоа 14 биле пренесени во болници со „различен степен“ на повреди, но сите се во стабилна состојба, изјавил началникот на пожарникарите во Колумбус, Стив Мартин.

„На покривот веројатно имало меѓу 15 и 45 луѓе, кој не е дизајниран да ја држи тежината на луѓето“, изјавил Мартин.

Салата каде што се урнал покривот не припаѓа на Универзитетот во Охајо.