Премиерот Димитар Ковачевски по третпат е на пазарење во скопските маркети. Тој и овојпат е со камери, но и претходна најава. Заедно со премиерот Ковачевски ќе бидат министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски.
Претходно, Ковачевски проверуваше цена на лебот, како и цена на тестенините и млечните производи.
Во маркетот каде се наоѓаше денеска, знаеја за посетата на Ковачевски најмалку еден ден однапред, како и медиумите.