вторник, 13. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВИДЕО: Вака се уништуваа македонските возила во Грција

ВИДЕО: Вака се уништуваа македонските возила во Грција

Многу Македонци за продолжениот велигденски викенд заминаа во Грција, а некои од таму се вратија разочарани. Десетици семејства наместо да се вратат со убави спомени од продолжениот викенд, велат дека долго ќе го паметат празникот кој буквално им преседнал, бидејќи им биле уништени возилата, објави ФОКУС.

Кавадаречко семејство кое било сместено во хотел во Афитос, на првиот крак, во саботата вечерта завршило со демолиран автомобил за кој никој не слушнал и видел ништо. Искршени стакла, ретровизор, избушени гуми биле сликата која ја затекнале, а пријавиле и во полиција.

Имало и неколку џипови со целосно искршени стакла.

На граничниот премин Богородица кај Гевгелија најмногу возила имаше во петокот наутро, иако многумина се упатија во Грција уште во четвртокот попладне, по завршувањето на работното време.

Снимка направена од безбедносна камера, објавена на Фејсбук покажува три маскирани лица како почнуваат со уништување на македонските возила паркирани во Грција.

Погледнете:

Најнови вести