Во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“, граѓани продолжуваат со објавување на кратки видео пораки што според нив е важно.
Денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски порача дека за него важно е државата да има дипломатија со капацитет.
-Важно е да имаме дипломатија со капацитет. А, тебе што ти е важно, праша Муцунски.
Во кампањата се приклучи и адвокат Панче Тошковски кој рече дека за него важно е законите да важат подеднакво за сите.
-Важно е законите еднакво да важат за сите граѓани во Република Македонија, изјави Тошковски.
Според Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ е важно да се реконструираат болниците.
-Важно е да се реконструираат болниците во Македонија, вели Андоновска.
Игор Јанушев, пратеник во македонското Собрание нагласи дека за него важно е да нема непотизам при вработување.
-Важно е да нема непотизам и врски при вработување, потенцираше Јанушев.
Пратеничката Лидија Петкоска порача дека за неа важно е да се исполнат барањата на лицата со оштетен слух.
-Важно е да се исполнат барањата на лицата со оштетен слух, додаде Петкоска.
„Покрај партиските функционери на партијата и активисти, се поголем број на граѓани се приклучуваат на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ и го креваат својот глас за промени кои носат иднина.
Секој еден е важен.
Важно е да се обединиме“ – порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.