вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Викендов ќе се гласа за новата Влада, Ковачевски го поднесе предлогот

Викендов ќе се гласа за новата Влада, Ковачевски го поднесе предлогот

Енергетската криза, животниот стандард и инфраструктурата ќе бидат приоритетите во програмата на новата Влада која мандатарот утрово заедно со кадровскиот состав му ја достави на спикерот Џафери. Вo просторот кој му го оставија коалиционите партнери Ковачевски вели дека направил спој на нови и искусни кадри.

Во клучните министерства, МВР и Финансии нема промени. Коалицискиот договор кој го потпиша Заев на Ковачевски му донесе нов министер за здравство од редовите на Алтернатива, партија која што ќе држи уште два ресори во Владата. Освен за Филипче, во новата Влада на Ковачевски нема место ниту за Шеќеринска ниту пак за Димитров и Царовска. Се менуваат и половина од владините потпретседатели. На местото на Љупчо Николовски кој оди во земјоделие доаѓа Славица Грковска Лошкова. Нов вицепермиер ќе биде и Маричиќ кој ротира од правда во СЕП а на негово место доаѓа просфесорот од правен Никола Тупанчевски.
Битиќи ја задржува потпретседателската функција исто како и Артан Груби чија партија не промени ниту еден кадар.
Опозицијата вели дека Ковачевски предлага Влада составена од поразени политичари. Остануваат на барањето за предвремени избори

Собраниската прес служба информираше дека спикерот Џафери веќе ја свикал собрнаиската седница на која ќе се гласа новата и Влада и таа ќе се одржи во сабота. Согласно деловникот, расправата е ограничена на два дена што значи дека гласањето ќе биде во недела пред полноќ. За да биде избрана новата Влада на Ковачевски ќе му треба поддршка од 61 пратеник.

Најнови вести