Времето утре ќе биде ретпладне сончево, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен јужен ветер.
Од недела облачноста ќе се зголеми, и во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег.
Пообилни врнежи се очекуваат во вторник претпладне, кога поради заладувањето, врнежите ќе бидат од снег и на некои повисоки места, а ќе дува и засилен северен ветер.
Од УХМР издадоа и актуелно предупредување за во следните денови:
Утре ќе се задржи претежно сончево и топло време. Од недела ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд и со слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен југозападен ветер.
Во вторник се очекуваат пообилни врнежи кои поради заладувањето на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег. Ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика температурите да бидат пониски и во следните денови.