Зоран Витанов поранешен министер за економија во вечерашната „Топ тема“ на Телма телевизија, му објасни на актуелниот министер за економија Крешник Бектеши, дека економијата не познава припадност, туку познава компетенции, како и тоа дека ДУИ 19 години создава политики на припадност, а Македонија е сеуште на дното од Европа.
-Такво нешто економијата не познава, економијата познава компетенции, економијата не познава припадност, вели Витанов.
Тој исто така му порача на министерот Бектеши дека тој што зборува за припадност, не разбира економија, можеби е тоа политика, но е штета на економијата и компаниите.
-Додека не разбереме дека исто како и во политиката и во економијата ако компетенцијата не е единствен клуч, Македонија гарантирано ќе си остане дно во Европа, ДУИ е 19 години во власта без прекин и ние сме дно во Европа, и ги молам ДУИ нека зборат за што сакаат, ама за економија не, имаа 19 години да зборат за компетенции, ги молам и СДС да престанат ДУИ да ги ставаат во економија затоа што 19 години се на власт и да го потсетам премиерот Заев дека пред да дојде на власта кажуваше дека ДУИ не рабира економија, зошто сега СДС од толку познати економски остави комплетната економија да ја води ДУИ, кои ја водат по припадност, остро го искритикува Витанов, министерот за економија Бектеши.
-Ако сакате некоја компанија да пропадне критериумот нека биде припадност, ако сакате некое претпријатие да биде конкуретно, критериумот треба да биде компетенции се друго е „млатење празна слама“ и трошење пари и време, затоа што потрошивме петина век зборејќи за припадности, треба да зборуваме за компетенции, додаде Витанов.