Досега преку апликацијата за самопопишување се евидентирале вкупно 87.905 лица.
Државниот завод за статистика го објави првиот детален список по држави на досега попишани граѓани од дијаспората. Истиот се однесува на период заклучно со вчерашниот ден до 8:30 часот.
Според објавениот список, до овој пресек попишани се вкупно 82.113, а најголем дел самопопишани има од Швајцарија – 26.366. Следува Германија со 19.083, па Италија со 10.904 самопопишани лица.
Целиот список може да го погледнете ТУКА.