Владата да ги прифати барањата на СОНК, наместо да се заканува на наставниците, и да го поддржи законот за нивелирање на плати, ова е предлогот на ВМРО-ДПМНЕ кои го објавија утрово преку соопштение до јавноста.
-Владата и СДСМ вчера преку министерството за образование, Ковачевски со изјави и СДСМ со прес конференции се обидоа да го попречат правото на штрајк на наставниците. Власта се обиде со закани да го угуши незадоволството на наставниците од ниските плати. ВМРО-ДПМНЕ одамна кажа дека е потребно усогласување на платите во образованието со Колективниот договор, како и нивелирање согласно минималната плата. Со таа цел предложивме и законско решение, кое беше одбиено од страна на СДСМ и ДУИ, стои во нивното соопштение.
ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека ќе дојде до оваа ситуација, но никој од власта не сакаше да реагира.
-Притисок врз наставниците не смее да има. Бидејќи тие си го бараат само тоа што законски им припаѓа. Пари за покачување има. Потребно е само функционерите да не крадат како Ден Дончев, Драги Рашковски, Мухамед Зекири, Филипче, Ковачевски и другите, потенцираат од партијата.