недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Владата да каже колку изнесуваат загубите од откажувањето од еврообврзницата и кој ќе понесе одговорност?“

„Владата да каже колку изнесуваат загубите од откажувањето од еврообврзницата и кој ќе понесе одговорност?“

Владата да каже колку изнесуваат загубите од откажувањето од еврообврзницата, и кој ќе понесе одговорност? Владата треба да плати провизии на 4 меѓународни финансиски институции кои го воделе процесот за издавање на обврзницата, тоа е обврска на власта, и тоа се пари кои сега се плаќаат без основ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ковачевски заради аматерскиот пристап кон процесот за издавање на еврообврзницата ја оштети државата за милиони кои треба да бидат платени на име провизии, а потоа го наруши и кредитната репутација на државата.

Која сериозна финансиска институција ќе сака да позајми пари на држава која откажува издавање на обврзница, заради политичка нестабилност во владата? И доколку позајми, каматите ќе бидат поголеми.

Лошата репутација која ја предизвика Ковачевски ќе ја следи Македонија подолг период, и потребно е време и сериозен пристап за да се исправи сликата за државата.

Нема поле на кое Ковачевски и СДС не ја посрамотија Македонија.

Потребни се промени на власта, за ваквите бламирања на државата да не продолжат да бидат пракса и во иднина, стои во партиското соопштение.

Најнови вести