Владата на денешната 40. седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе измени на Одлуката на работното време на рестораните и другите угостителски објекти согласно која од 21 јануари се укинува одлуката за ограничување на работното време на рестораните и другите угостителски објекти за работа до 18:00 часот.
-Со одлуката од денешната седница се враќа работното време на овие објекти утврдено со претходната одлука, односно тие ќе можат да работат до 21:00 часот, со исклучок на рестораните и другите угостителски објекти на аеродромите, на бензинските пумпи и во хотелите кои од 21 јануари ќе можат да работат со редовното работно време согласно законот, соопшти владината прес-служба.
Попладнево за денешената владина одлука преку своите фејсбук профили информираа и премиерот Зоран Заев, како и министрите за здравство и за економија, Венко Филипче и Крешник Бектеши.