Владата денеска донесе одлука за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на државата за учество на вежбата „Immediate Response – 23“.
Од владината прес-служба информираат дека станува збор за персонал и материјално-технички средства на странски вооружени сили од Соединетите Американски Држави, Република Албанија, Црна Гора и Република Косово на територијата на Република Северна Македонија кои доаѓаат заради учество во оваа вежба.