недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Владата достави предлог до Пендаровски за продолжување на вонредната состојба

Владата достави предлог до Пендаровски за продолжување на вонредната состојба

На Претседателот на државата ќе му биде доставен извештај со предлог за вонредна состојба, службените патувања на носителите на јавни функции ќе се остваруваат исклучиво со одобрување на Главниот координативен кризен штаб на Владата и само ако тоа службено патување е поврзано со справување со пандемијата со КОВИД-19 и со прашања за евро-атлантските процеси на нашата земја, се дел од заклучоците од денешната 53-та владина седница.

– Владата на Република Македонија на денешната 53-та седница донесе заклучок да достави предлог до Претседателот на Република Македонија со извештај за досега преземените активности од државните институции, со кој се аргументира дека за успешно справување со коронавирусот во државата потребна е вонредна состојба и во наредните 30 дена, стои во соопштението од владиниот Сектор за односи со јавноста.

На оваа седница, Владата го дополнила и усвоила протоколот со препораки и упатства за излез и влез на државната граница на Република Македонија за избрани функционери вработени во Влада на Република Македонија и министерствата, државјани на Република Македонија, со заклучок дека за секое службено патување предвидено со оваа одлука одобрување треба да даде Главниот координативен кризен штаб на Владата, исклучиво ако тоа службено патување е поврзано со справување со пандемијата со КОВИД-19 и со прашања за евро-атлантските процеси на нашата земја.

Најнови вести