сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Владата ги задолжи министерствата: Вработените да се стават на располагање за потребите на пописот

Владата ги задолжи министерствата: Вработените да се стават на располагање за потребите на пописот

Се разгледува можноста вработените во министерствата и органите на државната управа  да се стават на располагање за претстојниот попис.

Ваква одлука е донесена на вчерашната владина седница.

-Владата донесе одлука со која ги задолжува сите министерства и органите на државната управа да ги разгледаат можностите за потребите на пописот да ги стават на располагање на Државниот завод за статистика времено вработените во овие институции, и истото им го препорача на единиците на локалната самоуправа и на институциите под нивна надлежност, информираа вчера од Владата.

Државниот завод за статистика како што е познато во јавноста, мака мачи со бројот на попишувачи. Денеска завршува последниот рок за пријавување на заинтересираните за попишувачи. Се уште не е познато дали овој пат ДЗС ќе успее да дојде до задоволителна бројка на попишувачи.

Конкурсот беше отворен на 20 јули, но потоа беше неколку пати продолжуван до 25 август.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Македонија ќе се одржи од 5 септември до 30 септември 2021 година.

Во меѓувреме продолжува електронското самопопишување на државјаните на Македонија кои се на привремена работа или престој во странство. Самопопишувањето на македонските државјани во странство ќе трае до 30 септември, кога завршува Пописот на Пописот на населението, домаќинствата и становите.

Најнови вести