сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Владата ја усвои Информацијата за исплата на плати во јавниот сектор

Владата ја усвои Информацијата за исплата на плати во јавниот сектор

Владината прес-служба вечерва соопшти дека на денешната 35. владина седница, што се одржала онлајн, е усвоена информацијата за исплата на плати во јавниот сектор.

Во соопштението се наведува дека Владата ги задолжила сите органи на државната управа и донела заклучок да им се укаже на сите институции кои не се органи на државната управа, да постапат согласно постоечките законски решенија за пресметка на плата и да ја исплатат во законски утврдениот рок. -Во образложението во врска со ова прашање се истакнува дека според Законот за минимална плата, право на минимална плата имаат сите работници, во висина утврдена согласно со овој Закон, а законската рамка за усогласување на минималната плата со платата на вработените во државната управа е утврдена во текстот на Предлог-Законот за изменување на Законот за административни службеници, кој се очекува да биде донесен од страна на Собранието на Република Северна Македонија во текот на месец април, велат од Владата. Во Законот е содржана преодна одредба според која одредбите кои се однесуваат на промената на системот на плати за сите административни службеници ќе отпочнат да се применуваат со исплатата на мартовската плата во април годинава.

-По влегувањето во сила на Законот ќе се изврши корекција на платите, односно правото за усогласување со Законот за минимална плата ќе се оствари и за платата за месец март, појаснуваат од Владата.  (МИА)

Најнови вести