вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Владата на Ковачевски дава македонско државјанство на шпионот и олигарх Онишченко, одговорност и оставки мора да има“

„Владата на Ковачевски дава македонско државјанство на шпионот и олигарх Онишченко, одговорност и оставки мора да има“

Во време на Ковачевски рускиот шпион и украински олигарх Онишченко добива македонско државјанство, одговорност и оставки мора да има, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Онишченко добива македонско државјанство во мај 2022 година, кога Ковачевски е веќе 5 месеци премиер. АНБ и МВР морале да го информираат Ковачевски дека даваат државјанство на лице на црна листа на САД, и лице по кое трага Украина. Виктор Димовски и Оливер Спасовски морале да го известат Ковачевски. Сите тројца одработиле против стратешките интереси на Македонија. Одговорноста за случајот со издаденото државјанство на Онишченко не може да заврши со суспендирање на вработени во АНБ. Мора да има политичка одговорност за Виктор Димовски и Оливер Спасовски. Димовски не смее да биде македонски амбасадор во Франција. Како може Македонија да биде сигурна во лице кое овозможило криминалец како Онишченко, кој е на црна листа на САД да добие државјанство?, прашуваат од партијата.

Од таму додаваат дека Димовски може да работи за секого, само не за Македонија и нејзините стратешки интереси, затоа оставка од АНБ и политичка одговорност преку повлекување на одлуката за заминување на амбасадор во Франција.

Најнови вести