среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Владата наместо притисок врз синдикатите, да ги прифати нивните барања и да ги покачи платите на наставниците“

„Владата наместо притисок врз синдикатите, да ги прифати нивните барања и да ги покачи платите на наставниците“

Владата наместо притисок врз синдикатите, да ги прифати нивните барања и да ги покачи платите на наставниците. Владата нема слух за наставниците и се обидува да манипулира дека нема пари во буџетот. Ако нема пати во буџетот. Тогаш како имаше за тендерите за софтвери за Драги Рашковски од над 15-тина милиони евра?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ако нема пари во буџетот тогаш како имаше за физибилити студијата за продажба на Пошта на Мухамед Зекири од скоро 1 милион евра?

Ако нема пари во буџетот, тогаш како имаше за тендерите во РЕК за механизација, за повторно на крај да останеме без јаглен?

Ако нема пари, тогаш како имаше за тендерите во здравството како што беше обидот за набавка на вакцини со провизија за Филипче и Заев?

Ако нема пари, тогаш како имаше за кафиња, цвеќиња, виски и други непродуктивни работи низ државните институции?

Или има пари за тендери и криминал, но нема за наставниците?

Пари во буџетот има, само функционерите на СДСМ треба да престанат да крадат, и покачување може да има, додаваат од партијата.

Најнови вести