Владата нема ниту една инвестиција, а се задолжува со 600 милиони евра еврообврзница за да краде, во исто време блокира општински обврзници идеа на ВМРО-ДПМНЕ за реализација на проекти. Вчера владата се задолжи 600 милиони евра, со камата од енормни 6.5%. Рокот на отплата е 4 години, и со тоа се гледа дека оваа обврзница е само за покривање на дупките во буџетот направени од крадење, но и за нови манипулации со јавните финансии, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-СДС откако се на власт до сега го зголемиле јавниот долг за 65%, односно од нешто на 4.7 милијарди на 7.7 милијарди евра, а притоа немаат направено ниту една инвестиција, ниту еден нов автопат, пат, аеродром, железничка линија или друг капитален проект, парите ги нема, а никој не знае на што се потрошени.
Наспроти инвестиции, секој ден гледаме милионски тендери и фирми блиски до власта кои се јавуваат како изведувачи на истите, парите се трошат, а резултат нема.
Спротивната страна на СДС е ВМРО-ДПМНЕ и сосема поинаков пристап кон јавните финансии. Имено градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ со цел зголемена реализација на проекти пристапија кон метод на издавање на општински обврзници, како граѓаните и фирмите ќе можат да финансиираат проект во нивната локална заедница, а притоа во периодот на исплата да земаат и камата. Секој граѓанин ќе знае за што ги дава неговите пари, наместо со СДС, кога се задолжуваат милијарди, народот не знае за што, а утре треба да враќа, без да има бенефит од тоа.
Владата уплашена од фактот дека со реализација на општинските обврзници градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ќе реализираат многу повеќе од тоа што е ветено и тоа во пократок рок, ги кочи обврзниците, стои во соопштението.