понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Владата незаинтересирана за проблемот на професионалните војници, Славјанка Петровска селектира со кого ќе се сретне и како ќе постапува (ОБНОВЕНО)

Владата незаинтересирана за проблемот на професионалните војници, Славјанка Петровска селектира со кого ќе се сретне и како ќе постапува  (ОБНОВЕНО)

Независниот синдикат на професионални војници (НСПВ) реагира по низата обиди Владата да го слушне и реши нивниот проблем. Единствено со што се соочуваат во обидот да си го добијат тоа што им припаѓа, е игнорантскиот однос на министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

Според информациите до кои дојде КУРИР, министерката остварила средба со дел од професионалните војници кои се подготвувале да излезат на протест, но никој од Независниот синдикат, дури ни претседателот, не бил поканет на средбата.

НСПВ во изминатиот период поднесе барање до министерката Петровска каде што беа побарани итно решавање на одредени проблеми во Министерството за Одбрана, како што е предлог законот за еднократна испратнина на професионалните војници по навршување на 45 години возраст. Од неа одговор немаат добиено.

КУРИР дојде до официјалната документација испратена до Министерството за одбрана, до Владата и Собранието, како и до политичките партии кои имаат свои пратеници во Собранието.

Независниот синдикат на професионални војници во обид да ги заштити сите припадници на АРМ презеде низа чекори, за кои редакцијата на КУРИР беше информирана.

-Исто така синдикатот се понуди да дадеме предлози со соодветни решенија за трајно решавање на статусот на професионалниот војник, но не добивме одговор за да ги презентираме нашите идеи и ставови. Поради зголемување на незадоволството меѓу професионалните војници во врска со решавањето на ова прашање, НСПВ поднесе писма со барање до одговорните институции (Собранието и Владата на Македонија) за конечно решавање на ова прашање и до политичките партии од власта и од опозицијата (СДСМ,ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Алтернатива,  Левица и Алијанса за Албанците) кои имаат пратеници во Собранието на Македонија и кои имаат должност да го изгласаат овој член од предлог законот за измени и дополнување на Законот за служба во АРМ, а се однесува на еднократна испратнина од 1000 евра во денарска противвредност за секоја година поминати во служба за секој професионален војник кој ја напушта Армијата по основ на старост од 45 години. Професионалните војници се имаат покажано во безброј случаеви колку им се потребни на државата и на граѓаните на Македонија, тие се столбот на Армијата која денес е дел од НАТО алијансата. Професионалните војници имаат чест и достоинство и не треба овие проблеми да ги бараат на улица, туку треба да ги решат пратениците во Собранието, да се покаже достојна почит и разбирање за пожртвуваноста која ја даваат на службата во Армијата, бидејќи овие војници го заслужуваат тоа и секојдневно го бранат секое парче земја за сите граѓани на државата, велат од НСПВ.

 

Тие очекуваат дека проблемот може да им се реши и по нормален пат, но доколку уште наидуваат на ваква незаинтересираност од надлежните, следниот чекор ќе им биде протест.

-Очекуваме позитивен одговор од избраниците на граѓаните и да не дозволат професионалните војници да излезат на улица за да си ги бараат своите права. Се надеваме на искрена подршка од министерката за одбрана Славјанка Петровска и ја потсетуваме дека во рамките на Армијата и МО има и друг Независен синдикат на професионални војници кои се борат за правата на професионалните војници и редовно потсетуваат и бараат учество во заедничко решавање на настанатите проблеми за сите вработени во Армијата и министерството за одбрана, велат од НСПВ.

КУРИР побара одговори од Министерството за одбрана.

Ги прашавме:

-Дали министерката има остварено средба со претставници на другиот синдикат на професионалните војници? Ако средбата се остварила, ве молиме да информирате што било договорено на истата?

-Дали е планирано решавање на проблемите кои се наведени во барањето?

ОБНОВЕНО

По речиси четири часа, од Министерството за одбрана, добивме одговори, кои ви ги пренесуваме во продолжение, во целост:

„Министерката за одбрана Славјанка Петровска имаше средба со Независниот синдикат на професионални војници на која присуствуваше претседателот на Синдикатот, Алити и детално се разговараше за нивните барања. Средбата се одржа во Министерството, на 25 февруари.

На средбата со Независниот синдикат на професионални војници на која присуствуваше претседателот на Синдикатот, Алити, стана збор за решавањето на статусот на професионалните војници со навршени 45 години. Министерката Петровска потсети дека решението на кое професионалните војници со навршени 45 години чекаат веќе една година е во Законот за служба, кој исто толку време е блокиран од опозицијата во Собранието. Во тој закон стои изборот за професионалните војници дали ќе останат во државна служба или ќе изберат отпремнина од 1.000 евра за секоја година помината во Армијата, односно околу 25.000 евра отпремнина за нов почеток.

Новиот Независен синдикат на професионални војници СО предводен од Александар Насковски го има истото барање. Министерката ја поздравува иницијативата на овој Синдикат, да испрати писма до Собранието и да ги потсети пратениците од опозицијата дека нивната иднина не треба да се блокира поради партиски интереси. Владата и Министерството за одбрана одлучно излегоа во пресрет и понудија решение за отпремнина во Законот за служба кое никогаш претходно не било понудено, а на кое очигледно сите професионални војници со 45 години чекаат со нетрпение, но опозицијата реши тоа решение, заедно со другите поволности за припадниците на Армијата што ги предвидува Законот, да ги блокира. Доколку опозицијата продолжи да го блокира овој Закон, министерката Петровска ќе предложи ново решение.

Обрнуваме внимание дека по назначувањето министерката за одбрана започна дијалог со сите синдикати во одбраната за кои се разговара за сите прашања од интерес за професионалните војници, Армијата и одбраната’.

„Можноста за избор на отпремнина, професионалните војници со навршени 45 години можеа да ја користат уште пред една година, но таа е блокирана од опозицијата. Уште еднаш апелираме до опозицијата да ги поддржи решенијата во Законот и да не го попречува решавањето на ова важно прашање“ – велат од Министерството за одбрана.

 

Најнови вести