среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Владата планира покачување на даноците, дали ќе биде опфатен и ДДВ?

Владата планира покачување на даноците, дали ќе биде опфатен и ДДВ?

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи по вчерашната препорака на академикот Таки Фити, вели дека владата размислува за покачување на даноците. Имено според препораките на Фити треба да се зголеми данокот на имот, да има блага прогресија кај персоналецот и да се размислува за воведување на еколошки даноци. Битиќи посочил дека за даночни реформи ќе се чека да завршат консултациите кои најверојатно ќе траат шест месеци. Од дебатите со експертите ќе се знае дали има потреба и од воведување на кризен данок како што беше ситуацијата во 2001 година.

Кај персоналниот данок не можеме бланко да кажеме дека прифаќаме, затоа што се стремам дека на одредени сектори треба да им се намали персоналниот данок и данокот на личен доход, затоа што само така ќе влеземе во сегментот на рестарт на економијата и земјава да ја направиме конкурентна на глобално ниво-рече Битиќи

Засега нема информации во која ансока се плановите на владата за воведување на кризен данок, но според информации од економски аналитичари се разгледува и можноста за покачување на данокот на додадена вредност. Ааналитичарите велат дека сеуште е неблагодарно да се кажува дали и колку ќе порасне ДДВ-то, како дел од корупосот даночни промени и покачувања кои се проектираат со цел да се намали буџетската дупка.

Сеуште нема ниту проекции дали закрпувањето на буџетот ќе го погоди стандардот на сите граѓани или само на одредени категории, но велат дека актуелната состојба немоновно носи кон зголемување на даноците.

Најнови вести