понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Владата повторно троши пари на граѓаните за вработување на партиска војска: Генералниот секретарјат планира да потроши 10 милиони денари за привремени вработувања

Владата повторно троши пари на граѓаните за вработување на партиска војска: Генералниот секретарјат планира да потроши 10 милиони денари за привремени вработувања

На официјалната страна на системот за Јавни набавки има објавено оглас во кој под назив на договорениот орган стои Влада на Република Македонија -Генерален секретарјат.

Во овој оглас предмет на договорот на јавна набавка стои набавка на услуги за привремено вработување од Агенција за привремени вработувања.

Владата планира да потроши 10.000.000 денари за привремени вработувања. Овој износ претворен во евра изнесува 162.469 илјади евра. Ова не е прв пат владата да  ангажира голем број на луѓе и тоа да го прави преку Агенцијата за привремени вработувања со цел да си ги вработи партиските кадри.

Во јавноста излезе информација за тоа како владата користи одредена шема за вработување на својата партиска војска во државните институции додека на големо ја критикуваше претходната влада за обемна  и партизирана администрација .

Имено,  најлесно да се вработи партиски кадар, а да не биде преку оглас е да се ангажира преку договор за привремено вработување, па после 3 месеци да се вработи  со договор на неопределено.

Ваква шема на вработување користи сегашната владеачка гарнитура предводена од СДСМ   за да ги вработува партиските некомпетентни кадри во државната и јавната администрација. Најдобар пример е масовното вработување во Владата каде 120 партиски војници на СДСМ се вработени под договор на дело и тоа речиси сите од нив во секторот “комуникации“.

Разликата помеѓу редовното вработување и она што е со привремено вработување е што секој што сака да се вработи во државната администрација треба прво да се пријави на оглас за чие одобрување треба да даде министерот за финансии и да се поминат сите филтри како интервју за работа и исполнување на одредени критериуми и стандарди.

Но кај оние со привремени вработувања доволно е да се ангажира Агенција за привремени вработувања, која оди во ставка “услуги“ на која ќе и се се исплати одреден надоместок за нејзината улога и толку. Други критериуми и квалификации не се потребни. Најважната работа кај овие вработувања е што овие договори од привремени со постоечкиот закон се трансформираат во договори на неопределено време, што на СДСМ му се дава можност да ја преполни државната и јавната администрација.

Извор: Економски.мк

Најнови вести