Владата на техничкиот министер Оливер Спасовски продолжува во познат манир на опструирање на работата на техничките минситри од ВМРО-ДПМНЕ. Во најновиот случај на кочење ан работата на опозициските министри, владата поништи дури 89 решенија решенијата за распоредување во Министерството за внатрешни работи кои беа деонесени пред 3-4 дена од техничкиот министер за внатрешни работи Наке Чулев. На сите овие работни позиции на местото на заслужни партиски војници беа распоредени професионалци и луѓе кои ја познаваат работата во секторот каде беа распоредени.
Како што соопшти владината прес служба, вчера на седница на Владата, врз основа на Законот за Влада на Република С. Македонија, усвоена е одлука за поништување на 89 решенија за распоредување на работно место што ги донесе техничкиот министер за внатрешни работи Наке Чулев на 6 и 7 февруари оваа година. Техничката влада не објаснува зошто, туку правдајќи се за одлуката, самос е повикува на Законот за Влада.
Истата шема на постојани опстукции, Владата на СДСМ, иако техничка, ја практикува и во Министерството за труд и социјала, а секојдневно на удар на истата констелација се и дополнителните министри во финансии, земјоделие и министрството за админситрација и информатичко општество.