Никаква грижа од страна на централната власт не се води за општините, обвинува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во емисијата Клик Плус на ТВ 21, додавајќи дека после локалните избори, владата ги намалува дотациите на општините и на тој начин ги казнува граѓаните кои не ја дадоа поддршката за кандидатите на СДСМ, туку за ВМРО-ДПМНЕ.
-Народна банка во својот годишен извештај за 2021 година или во своја анализа за 2021 година има позиција во која што вели зголемена е јавната потрошувачка иако од друга страна во последниот квартал во годината намалени се дотациите до единиците на локалната самоуправа, тоа е периодот после изборите, октомври, ноември и декември. Зошто? Затоа што СДСМ доживува дебакл и владата одлучува да ги казни граѓаните во тие општини кои што не ја дадода поддршката за кандидатите од СДСМ и ја намалува дотацијата за тие општини, вели Мицкоски.
Мицкоски смета дека владата дивјачки се однесува, нагласувајќи дека граѓаните биле изреволтирани бидејќи СДСМ им понудила кадри кои што изминатите 4 години ништо не направиле за општината и граѓаните, туку станале деспоти и за неколку пати повеќе го зголемиле своето богатство преку местење на тендери.
-Ете тоа е суштината. И сега ако владата дивјачки се однесува односно ги казнува тие општини, зошто народот во тие општини велел, луѓе ни поставивте луѓе кои што станаа деспоти, кои што станаа тајкуни, олигарси, буквално 4 години местеа тендери за 10 а некои и за неколку пати повеќе го зголемија своето лично богатство, не направија ништо за општините, нормално е дека гласавме за другата политичка опција, кажа тој.