петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Владата во вонредна состојба троши 294.310 евра за реновирање

Владата во вонредна состојба троши 294.310 евра за реновирање

Владата од почетокот на вонредната состојба од 18.03.2020 до денеска потрошила над 290.000 евра за реновирање.

Првиот договор го склучила на 16.04.2020 година за замена на столарија, а во врска со спроведување на мерките за енергетска ефикасност согласно програмата за аерозагадување. Вредноста е 273.673 евра, а опфатени се 12 општини, фирма која го добила тендерот од Кавадарци регистрирана како МИ КОМЦЕРЦ 2000 Златко ДООЕЛ, анализира ТВ 21.

-Претходно, во месеците декември и ноември Владата исто така реализирала јавни набавки за иста цел, само за различни општини, а вкупната вредност е 432.228 илјади евра. И овие набавки ги добила истата компанија. Добивала и други тендери, најскапите се во општина Аеродром. За реконструкција на станбени објекти потрошени се 812.532 реализиран во две фази. Втората набавка е направена шест денови подоцна, а тежи 20.637 евра, со цел адаптација на Вила Водно 2. Тендерот го добила фирма од Скопје, регистрарана како СОЛАС – ЕКС – ИМ –ДООЕЛ, објави телевизијата.

Лакирање на паркет, молерисување, поставување подни плочки, изработка на кров од трска за летниковец кај скара како и ѕвездено небо на главниот влез, се дел од реконструкцијата која е планирана за вилата.

-Компанијата СОЛАС – ЕКС – ИМ –ДООЕЛ според евиденцијата, тендери започнува да добива од 2016 година, највредниот е 134.309 илјади евра за Општина Тетово, наменет за рушење на објекти. За сето ова побаравме став од  Владата, но до почетокот на овие вести, одговор не добивме, објави ТВ21.

Најнови вести