среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Владата за 70.000 евра ќе купува пијалоци и тутун!

Владата за 70.000 евра ќе купува пијалоци и тутун!

Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија ќе потроши скоро 70.000 евра за набавка на прехранбени производи, пијалаци, тутун и сродни производи. https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/984a8272-2983-4437-8cf7-191dee838839

Имено, на системот за Јавни набавки има објавено два договори во кои како договорен орган се појавува токму Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија и во овие два огласи како предмет на договорите на јавна набавка стои на прехранбени производи, пијалаци, тутун и сродни производи.

На првиот договор сумата за набавката со вклучено ДДВ е 2.569.213 денари или 41.776 евра, додека на вториот договор за набавка на прехранбени производи, пијалаци, тутун и сродни производи вредноста со ДДВ е 1.250.800 денари или 20.338 евра.

Во време на економска и здравствена криза, наместо власта да се воздржи од трошење за непродуктивни работи, таа одлучува да се рафрла и луксузира со парите на граѓаните.

Само за потсетување, Службата за општи и заеднички работи во 2018 година распиша тендер од дури 6,3 милиони евра за тековно одржување и одржување на хигиена, како и тендер за хортикултурно одржување и уредување на државната управа во вредносто од 670.000 евра, а распиша и тендер за набавка на кафе во вредност од дури 45.000 евра.

Најнови вести