Владата денеска напладне ќе ја одржи редовната 36-та седница.
Според предложениот дневен ред, меѓудругото, на денешната седница ќе се разгледува Информација за усвојување на План – Протокол за прифаќање, згрижување и сместување, како и регулирање на статусот на лица кои од Украина ќе допатуваат во Република Северна Македонија како последица на воените дејствија и лица кои се затекнале на територија на Република Северна Македонија од 24 февруари 2022 година, а кои заради безбедносна состојба не се во можност да се вратат во Украина.
За разгледување, предложена е и Информација за Преглед на статусот на имплементација на Глобалниот Компакт за Миграција (ГКМ) во Република Северна Македонија.
На предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, пред министрите ќе се најде и Информација за мерење на квалитетот на работата на институциите согласно Методологијата за оценка на индекс на квалитет.