четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Власта е фатена на дело- ја потценува јавноста, но што и да направи нема да успее да дефокусира од епидемијата на непотизам“

„Власта е фатена на дело- ја потценува јавноста, но што и да направи нема да успее да дефокусира од епидемијата на непотизам“

Што се нема да направат СДСМ за да дефокусираат и да избегаат од одговорноста за овој тотален грабеж и оваа епидемија на непотизам што ја практикуваат во државата во изминатите две години. Мора да сфатат дека две години ВМРО-ДПМНЕ не е на власт и дека е на власт СДСМ и дека министри се од редовите на СДСМ, исто како што Дамјан Манчевски е министер на СДСМ. Не знам можеби останува утре да излезе Манчевски и да почне да ја убедува јавноста дека не е СДСМ на власт, дека ВМРО-ДПМНЕ  е на власт и дека во јануари, во февруари, пред тоа ВМРО-ДПМНЕ ги вработуваше сите овие роднини на пратениците и на раководството од СДСМ како што беа Мира, Шуманска, Милева Ѓорѓиева и останатите.

Вака одговори портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски на прашањето: Денеска министерот Дамјан Манчевски рече дека нивните функционери ургентно ќе се бара да си ги повлечат своите функции, меѓутоа ги повика и пратениците на тогашната власт, а сегашна опозиција, зашто се и пратени примери и податоци до Антикорупциската комисија. Дали вие како одговорна партија, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги побарате да се повлечат и тогашните вработувања?

-Да не беше трагично ќе беше многу смешно, меѓутоа ова што ни се случува е трагично. Фатени се на дело, ја потценуваат јавноста и се обидуваат да изманипулираат, меѓутоа што и да направат, било какво апсење, не знам каков скандал нема да успеат да дефокусираат со тоа што во целата администрација ги исповработија своите браќа, сестри, мајки, татковци, дедовци уште што не почнале домашните миленичиња да си ги вработуваа, вели Арсовски и додава:

„Јас само би му порачал на Манчевски или да се повлечат или да ја остават власта да си заминат и да сносат одговорност за сето ова што го прават во моментот. ВМРО-ДПМНЕ повеќе не е веќе на власт, одговорноста е кај власта и со било какви изјави со било какви скандали што и да направат нема да успеат да дефокусираат од овој можеби после криминалните иновации, еден од најголемите случаеви на афера и скандал која што произлегува директно од редовите и министрите на власта и за кои што како за криминалните иновации од фондот за иновации кои што беа делени на партиски луѓе така и за овој случај и за сите останати треба да сносат одговорност и да одговараат“.

Најнови вести