понеделник, 25. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

„Власта глува за помош на погодените краеви од невремето, граѓаните оставени сами на себе“

„Власта глува за помош на погодените краеви од невремето, граѓаните оставени сами на себе“

Власта глува за помош на погодените краеви од невремето, граѓаните оставени сами на себе, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Повеќе од една недела од невремето во Делчево владата се уште нема одобрено помош, уништена е локална патна инфраструктура, голем број домови на граѓаните имаат големи материјални штети, а власта никаде ја нема.

Невреме и големи штети врз инфраструктурата и имотот на граѓаните се случија и во Крива Паланка, Прилеп, Велес, Кавадарци, ниту еден претставник на власта не отиде во ниту една од овие општини, ниту пружи помош.

Власта е целосно дезориентирана, додека работи се што не и е работа, народот мака мачи со работи кои власта треба да ги реши.

Наместо итно свикување на седница на влада и донесување на план, како за финансиска помош, така и за санација, власта е глува на апелите за помош, стои во партиското соопштение.

Најнови вести