четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Власта наместо да вработува и да отвора нови работни места секојдневно отпушта: 133 лица од РЕК Битола денес останаа без работа

Власта наместо да вработува и да отвора нови работни места секојдневно отпушта. 133 лица од РЕК Битола денес останаа без работа, потенцираат во соопштение до јавноста од ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола.
Власта наместо да вработува и да отвора нови работни места секојдневно отпушта: 133 лица од РЕК Битола денес останаа без работа

-Се прашувамe дали е ова првата одлука на Васко Ковачевски, неформалниот директор на РЕК,  одлука која наместо промоција за некој нов проект или вработување, е одлука за отказ на 133 лица. Вработените кои останаа без работа се лица кои се ангажирани во РЕК Битола уште од август 2015 година. Се работи за 133 фамилии од Битола, Демир Хисар, Могила, Новаци и Ресен  останаа без своите средства за егзистенција токму пред самиот почеток на Новата година. Ако на ова се надоврзат уште 50на фамилии од образованието и детската заштита сликата За Живот за сите се комплетира  во целост. Власта мора да престане да се однесува како државата и државните институции да се нејзин приватен посед. Државата мора да биде еднаква за сите. Со еднакви услови и можности за секој граѓанин, истакнуваат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола.

Од Општинскиот Комитет велат дека ништо од животот кој го најавуваше СДСМ. Граѓаните на Битола и битолско добија само беда и заплашување.

-СДСМ не го интересираат граѓаните. Начинот на кој се однесува власта покажува дека единствена цел им е ослободување на работни позиции, на кои подоцна треба да се вработат луѓе од СДСМ. Власта мора веднаш да запре со праксата на бркање луѓе од работа. Граѓаните не смеат да бидат жртва на политиките на СДСМ за бркање по рецептот од „Чистачка до министер“. Граѓаните и нивните судбини не смеат да бидат заложници на теснопартиските апетити. Државата мора да биде еднаква за сите. Граѓаните заслужуваат демократија и држава во која ќе се почитува принципот на владеење на правото, стои во соопштението на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола.

Најнови вести