петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: 62% од граѓаните сметаат дека Ковачевски работи лошо, владата со историски најслаба доверба, ги чека дебакл на изборите

ВМРО-ДПМНЕ: 62% од граѓаните сметаат дека Ковачевски работи лошо, владата со историски најслаба доверба, ги чека дебакл на изборите

62% од граѓаните сметаат дека Ковачевски работи лошо, владата со историски најслаба доверба, ги чека дебакл на изборите, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-62% од граѓаните сметаат дека Ковачевски е лош премиер, кажуваат резултатите од анкетата на ИПСОС. Од тие 62%, 38% сметаат дека Ковачевски е лош премиер, а 24% дека е многу лош премиер и не се задоволни од неговата досегашна работа. Ставот на граѓаните за Ковачевски е уште еден сигнал за него зошто треба да си замине час поскоро, и да не чека, тукј веднаш да распише предвремени парламентарни избори. Резултатите од анкетата јасно покажуваат и кој ќе биде победник на тие предвремени парламентарни избори, и која ќе биде разликата. Имено според истражувањето на ИПСОС, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 22% од граѓаните, а за СДСМ 12.9%. Јасна е разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а таа е скоро 2:1, велат од партијата.

Од таму додаваат дека СДСМ знаат дека катастрофално ќе загубат, а со секој поминат ден тој пораз за нив ќе биде се поголем, но и штетата за Македонија од нивното пролонгирано останување на власт ќе биде огромна. Ковачевски, охрабри се, кога народот не те сака чесно е да си заминеш. Предвремени парламентарни избори час поскоро.

Најнови вести